
ЕВЕ КАКО СРБИТЕ ГИ ПРЕЧЕКУВААТ РОДНИНИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ШТО СЕ ЛЕКУВААТ ТАМУ: „Драги Македонци, се е подготвено, има се што ви е потребно“
Соседна Србија даде максимална помош и поддршка за Македонија во овие тешки моменти.
Тамошните граѓани постојано нудат бесплатно сместување за родителите и роднините на повредените кои се таму на лекување.
Синоќа на социјалните мрежи беше објавена фотографија од факултетот ДИФ во Белград, каде тамошните хумани граѓани подготвиле се за роднините на повредените.
Од храна, па се до прекривки, перници и душеци за спиење.
„Почитувани Македонци, родители на повредени деца. Сè што ви треба е подготвено за вас на Факултетот ДИФ во Белград кога ќе пристигнете. Брзо закрепнување“, се вели во објавата.
„Ова го подготвивме за македонските семејства на повредени деца кои се во Белград! Кажете им да не се плашат, имаат се што им треба. Факултет за спорт ДИФ!!!“, се вели во друга објава.