Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКО СЕ ПОДДРЖУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО: за купена Гранде Панда од Крагуевац субвенции од 5.000 евра
Регион

ЕВЕ КАКО СЕ ПОДДРЖУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО: за купена Гранде Панда од Крагуевац субвенции од 5.000 евра

22/07/2024

AA

Граѓаните на Србија кои ќе купат електричен автомобил што ќе се произведе во Крагуевац ќе можат да сметаат на 5.000 евра државни субвенции, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, ќе имате по пет илјади евра од нас, за секој клиент – рекол Вучиќ, пренесува „Б92.рс“.

FCA Србија денеска официјално ќе го одбележи успешното воведување на нови линии за производство на електричниот модел Fiat Grande Panda во фабриката Stellantis во Крагуевац.

Fiat, инаку, ја објави цената во Италија под 25.000 евра за електричниот модел, додека хибридниот ќе биде под 19.000 евра.

По повод почетокот на производството на електричната Grande Panda во Крагуевац, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж за РТС изјави дека ова е еден од најважните датуми за српската економија.

– Она што доаѓа со електричната панда, која ќе се произведува во Србија и оттука ќе оди во целиот свет, е технологијата, знаењето, револуционерните нови случувања во електричната мобилност, како се полни батеријата, како е конструиран автомобилот. Ова се новитети кои сега се воведуваат за прв пат се појавуваат во светот – вели Чадеж.

Чадеж нагласи дека Србија сега е меѓу земјите што произведуваат електрични возила, што е голем успех. Тој потсети дека Србија веќе произведува многу компоненти за автомобилската индустрија, вклучувајќи автоделови и софтвер.

Фото: Фиат Стелантис

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy