Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА, новините веќе се доставени во Собрание
Економија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА, новините веќе се доставени во Собрание

27/02/2023

AA

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се доствени во
Собрание. Предлагачите бараат промените да се изгласаат по кратка постапка, па
на предлог измените стои и европското знаменце.

Како што се посочува „со постоечката
законска регулатива во постапките за издавање лиценци, од областа перење пари како докази кои се ценат се програмата за
спречување перење пари и финансирање тероризам и доказите за потекло на
надоместокот за добивање лиценца и докази за потеклото на средствата, стварите
и правата кои се внесени во основната главнина, при што не се цени репутацијата
на соработнците на друштвото, и се предлага ценење на репутација“.

– Во постапките за
издавање лиценци се наметна потребата од зајакнување на доказите,
како и прецизирање дека едно трговско друштво со една иста главнина и со една
лиценца може да приредува еден вид игра на
среќа
– пишува во законот.

Се посочува дека има потреба од
зајакнување на доказите кои се поднесуваат до Управата за јавни приходи
во постапката за издавање решение за
исполнување на просторните и техничко-технолошките услови и се пропишува
надлежност на УЈП за
присилна наплата на износот на надоместоците и посебните давачки кои се
наплатени со активирање на банкарските гаранции. Со измените УЈП до Министерството за финансии може да побара престанок со  приредување игри на среќа ако при надзор
утврди дека деловната просторија не ги исполнува просторните и
техничко-технолошките услови или не врши
дејност во просторија за која има добиено решение.

– Се
прецизираaт условите согласно кои друштвото може да добие лиценца и условите
согласно кои барањето ќе биде одбиено. Со постојниот закон не е
уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на
среќа од основни и средни училишта. Со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни
навики, се предлага уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат
оддалечени не помалку од 500 метри од основни и средни училишта  – пишува во предлог законот доставен во Собрание.

Се појаснува оти оддалеченоста се бара од причини што учеството во игрите на среќа претставува влегување
во облигационен однос помеѓу учесникот и приредувачот, а земајќи ја предвид ограничена
деловна способност на малолетниците за учество во
правниот промет, како и во насока на обезбедување на заштита на малолетниците
од штетните последици кои можат да ги предизвикаат игрите на среќа и правилно
насочување на нивниот развој, се наметнува потребата од воведување на
оддалеченост.

– 
Се воведува
обврска за обезбедување надзорен-информациски систем и негово поврзување со
информацискиот систем на УЈП и за
приредувачите на електронските и интернет игрите на среќа, како и зголемување
на месечната давачка за лотариски и електронски игри на среќа – се појаснува во законот.

Со
предлог-законот електронските игри на среќа може да се
приредуваат само во простории за кои имаат добиено согласност од Министерството
за финансии.

Се
предлага и ограничување
на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца,
како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што
се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надоместок за секое ново
уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за
автомт клуб
.

Се планира и воведување нов
начин на плаќање на месечната давачка, ќе се плаќа или фиксен надоместок или 20 отсто
во зависност од тоа кој е поголемиот износ
.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy