Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голема година за малите банки! Како менаџментот на ЦКБ Банка ја зголеми добивката за 38 отсто?
Економија

Голема година за малите банки! Како менаџментот на ЦКБ Банка ја зголеми добивката за 38 отсто?

27/02/2023

AA

ЦКБ Банка прокнижи профит од 620.000 евра и тоа е резултат на благото зголемување на нето приходите од камати, умереното зголемување на нето приходите од надоместоци и провизии во комбинација со намалените трошоци за резервации за кредити. Резултатите што го објавија сите банки чии акции котираат на берза покажуваат дека генерално расте профитабилноста на банките во услови на исти или умерено зголемени приходи од камати, провизии и надоместоци

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ја има најдобрата година во своето деловно работење. Минатата година банката ја заврши со раст на добивката од 38 отсто и нејзината вредност достигна 620.000 евра. Менаџментот на малата деловна банка успеа да направи солиден резултат од кој акционерите не можат да не бидат задоволни.

Особено затоа што ЦКБ Банка работи во веројатно најострата конкуренција на нашиот банкарски пазар – сегментот на малите банки.

ЦКБ Банка лани успеа да ги зголеми двете најголеми приходи ставки во споредба со 2021 година. Нето приходите од камати лани достигнаа 4,65 милиони евра и бележат благ раст во споредба со претходната година. Позначаен раст има кај втората најголема приходна ставка – нето приходите од провизии и надоместоци. Тие биле пониски од 1,5 милиони евра, а на крај на 2022 година достигнале 1,73 милиони евра. Тука банката прави солидна основа за раст на нето добивката.

Благ раст има и кај нето приходите од курсни разлики кои надминале 160.000 евра. Останатите приходи од дејноста надминале 265.000 евра.

И сега клучниот катализатор за растот на добивката: намалување на трошокот за резервација на кредити. Во споредба со 2021 година тие се намалени за 29 отсто и сега изнесуваат нешто над 100.000 евра.

Во комбинација со зголемените приходи овој понизок трошок придонесе за зголемување на добивката на банката.

Што се однесува до кредините пласмани, тие се на ниво од 120,8 милиони евра и се на нијанса зголемени во однос на претходната година. Вложувањата во државни хартии од вредност се пониски за 11 отсто и на крај на 2022 година изнесуваат 22,85 милиони евра.

Депозитите на крајот на 2022 година изнесуваат 153,1 милиони евра и се пониски за 4,7 милиони евра.

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во Косово

03/09/2026

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026

Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, сместено во непосредна близина на македонско-косовската граница. Поради

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy