
ЕВЕ КАДЕ СТОКОМАК ЌЕ ОТВАРА ПРОДАВНИЦИ ВО СРБИЈА: Ќе нудат 1.200 артикли
Српските медиуми пишуваат за отворањето на „Стокомак“ во Србија. Повикувајќи се на „Retail Србија“, „Блиц“ пишува дека првата фаза од проширувањето предвидува отворање на модерни дисконти во Пирот, Ниш (потегот кај Ново Село), Параќин, Лесковац и Панчево, а компанијата е во финални преговори за уште неколку локации. Тие додадоа дека на клиентите во Србија ќе им понудат широк асортиман од околу 1.200 артикли во постојана понуда.
„Планот е првиот објект да се отвори на крајот на март – почетокот на април, во зависност од динамиката – брзината на подготовка на просториите и решавање на документацијата, а потоа би отвориле нови капацитети во интервали од две до три недели“, соопштуваат од компанијата.
Малопродажниот синџир Стокомак е основан во 1997 година и моментално работи на повеќе од 70 локации низ Северна Македонија. Трговецот на мало нуди широк спектар на прехранбени и непрехранбени производи по попустни цени.

