Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ФЕРШПЕД“ ГО ПРОДОЛЖУВА КОРИСТЕЊЕТО НА БАНКАРСКИ КРЕДИТ ОД 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЀ ДО 2036 ГОДИНА – еве каков имот е ставен под залог
Економија

„ФЕРШПЕД“ ГО ПРОДОЛЖУВА КОРИСТЕЊЕТО НА БАНКАРСКИ КРЕДИТ ОД 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЀ ДО 2036 ГОДИНА – еве каков имот е ставен под залог

19/02/2025

AA

Бизнисот е стабилен, а истото важи и за приходите и добивката, но тековното
работење мора да се кредитира преку банкарските институции.

Шпедитерската компанија „Фершед“ објави дека продолжува да го користи кредитот земен од Халк Банка, на износ од 6,5 милиони
евра, а кој им бил одобрен и ставен на располагање во сега далечната 2016  година.

Практично, компанијата соопшти дека се врши измена на времетраењето на
договорот за овој кредит, и сега тој практично ќе заврши на крајот на третиот
квартал од 2036 година, односно ќе се користи уште најмалку 11 и пол години.

„Фершпед известува дека склучи Анекс кон Договорот за Рамковен Револвинг
Кредит Лимит со Халх Банка АД Скопје со вредност од 6.500.000 евра, со кој се
изврши измена на времетраењето на договорот, односно времетраењето се
продолжува до 29 септември 2036 година“, стои во објавата од „Фершпед“ на
Берзата.

Она што е исто така многу интересно во нивната објава, е дека компанијата
дава обезбедување на свој недвижен имот, и тоа магацини и деловен простор, со
цел тие да служат како гаранција дека ратите на заемот навреме ќе се исплаќаат.

„Како обезбедување за рамката воспоставен е залог врз недвижен имот, и тоа магацински
и деловен простор, сопственост на друштвото, во корист на банката. Тука
влегуваат магацин бр.1 и магацин бр.3 со адреса на улицата Перо Наков, и со вкупна
површина од 14.046 метри квадратни, како и деловен простор на истата адреса, и
тоа број на објект 7, со површина од 534 метри квадратни. Врз основа на нотарски акт е склучен Договор
за залог на овој имот, кој има својство на извршна исправа“, се нагласува во
информацијата од компанијата презентирана преку Македонската берза за
долгорочни хартии од вредност. 

А, последниот извештај кој го има објавено „Фершпед“ е
Билансот на успех за првите три квартали од минатата година, што значи дека за
тоа акционерско друштво се уште ги очекуваме резултатите за целата измината
година, но претпоставката е дека и тие ќе бидат солидни.

Во нашата анализа за работењето на „Фершпед“ за трите квартали од лани сме
напишале дека на шпедитерскиот
бизнис олицетворн преку компанијата „Фершпед“ воопшто не му одело лошо минатата година, ама дека нема ниту некои приходни или профитабилни скокови во однос на
истиот период од минатата година.
За разлика од, на пример, 2023 година, кога имаше голем раст на добивката за
околу 50 проценти, во првите девет месеци од ланската година чистиот профит е зголемен за три проценти.

Тој документ говореше дека во првите девет месеци лани „Фершпед“ остварил оперативни приходи од безмалку 57 милиони евра, што е
раст за 4 отсто, како и дека сите овие приливи се должат на приходите од продажбата, кои тежат 56,9
милиони евра, или тука исто така имаме раст од 4 проценти. Билансот на успех во континуитет покажува дека компанијата на
семејството Накови најголемите пари, односно приливи, ги прави дома, па така
приходите од продажба на домашниот пазар се 56,5 милиони евра, што е раст за 6
отсто споредено со истиот период лани.На странскиот пазар она што се работело за девет месеци и донело
на компанијата прилив од само 390 илјади евра, што и онака е мало како сума, но
и има значајно намалување, за цели 67 проценти во споредба со истиот период од
минатата година.

Оперативните расходи биле на ниво од 55,3 милиони евра, со исто
зголемување како и приходите, за 4 проценти. Главниот трошок, логично, се услугите со карактер на материјални трошоци,
на сума од 45,4 милиони евра, а и кај нив има стабилен раст од 4 проценти.Набавната вредност на трговските стоки
ја чинела компанијата 5,5 милиони евра, и тука има малку повисок раст, од 11
проценти. А, за вработените се
исплатени 2,3 милиони евра, и она што е малку разочарувачки е дека тој трошок е
намален за 1 отсто, што значи дека или се намалил бројот на работници,
што е поверојатно, или, пак, има некои намалувања на месечните примања, иако
станува збор за ситен износ.

Како резултат на сето ова оперативната добивка за
првите три квартали била 1,7 милиони евра, зголемена исто за 4 проценти. Позначаен раст за 29 отсто имаат финансиските приходи, и тие
изнесувале 127 илјади евра, а најголем дел од нив, 82 илјади евра, се должат на
приходи од вложувања, заеми, камати и курсни разлики.

Финансиските расходи,
пак, биле само нецели три илјади евра, и добар сигнал е што кај нив има
намалување за дури 57 проценти.
Но, како на сето ова ќе влијае продолжувањето на заемот, останува да се
види во наредните извештаи на компанијата кои ќе се однесуваат за оваа година.  

Значи, чистата добивка на компанијата била 1,65 милиони евра, што
е скромен раст, но сепак раст од 3 отсто во однос на истиот период од минатата
година.

Инаку, акционерската структура во компанијата е непременета подолг
период и изгледа вака. Најголем поединечен акционер во „Фершпед“ е „помалиот
брат“ „Макошпед“, со 19,65 отсто од капиталот, а синовите на долгогодишниот
директор Штерјо Наков, Драган и Сашо Накови имаат по 11,83 и 11,04 отсто
соодветно. Чоколадната фабрика „Европа“ во
меѓувреме го има зголемено малку капиталот, и тоа на 9,99 отсто, од претходните
9,66
проценти, а самиот „Фершпед“ поседува сопствени акции од 9,99 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy