Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите
Македонија

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите

07/12/2023

AA

Во врска со коментарите дека целосно расчистување на сите дезинформации и заблуди креирани во врска со идниот рудник за бакар „Иловица – Штука“ ќе биде доставување на ревидирана и дополнета Студијата за влијание врз животната средина, сакаме уште еднаш да го потенцираме следното. Согласно позитивните законските регулативи за да доставиме ревидирана и дополнета Студија неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ со што ќе се создадат предуслови за наше постапување веднаш и без одлагање.

Писмото кое што го испративме до Министерката за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Каја Шукова е гаранција дека ревидираната и дополнетата Студија за влијанието врз животна средина дефинитивно ги расчистува сите дилеми на локалното население, надлежните институции и сите останати засегнати страни поврзани со рударскиот комплекс.

Ние постапуваме со добра волја, ги разбираме грижите на јавноста и затоа со потписите на врвните извршни директори на корпорацијата издаваме дополнителна писмена гаранција дека во експлоатацијата на бакарот во рударскиот комплекс нема да се користи цијанид, ниту било каква друга штетна супстанца, дека целиот технолошки процес нема да биде штетен по здравјето, животната средина и земјоделските култури кои се одгледуваат во Струмичката котлина.

Во моментов, сите постапки во однос на рудникот се во статус кво. Оваа состојба трае предолго и цениме дека нејзиното продолжување односно не донесување одлука за нашето барање, за кое нема законски пречки да биде позитивно, не е во ничиј интерес. Одлука на Владата за спојување на двете концесии кои ги има Еуромакс Ресоурцес ќе иницира отпочнување на нова постапка согласно Законот за минерални суровини. Оваа постапка нѐ задолжува нас како компанија до надлежните органи да доставиме низа од документи меѓу кои ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина и ревидиран рударски проект.

И токму поради ова, на прес конференцијата по повод испраќањето на писмото до Министерството за животна средина и просторно планирање, испративме и апел за што поскора одлука во однос на нашето барање за спојување на концесиите.

„Сметаме дека во најдобар интерес на жителите, државата и проектот е да се донесе брза одлука за иднината на овој проект – или регионот ќе добие мега инвестиција што ќе го поттикне економскиот развој во годините што доаѓаат, или ќе бидеме принудени да разгледаме други решенија за заштита на нашата инвестиција“, порача претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес Лтд, Тим Морган – Вин на прес конференцијата во вторникот.

Реализацијата на планот за изградба на рударскиот комплекс „Иловица – Штука“ претставува значителна инвестиција во износ од 340 милиони евра. Оваа иницијатива ветува дека ќе генерира приближно 1.000 директни работни места во фазата на изградба и 500 директни работни места за време на работата на рудникот, како и дополнитени 2.500 индиректни вработувања за сервисирањето на рударскиот комплекс. Покрај неговото непосредно влијание врз вработувањето, проектот ќе даде значителен придонес во бруто домашниот производ на земјата, како и во државниот и буџетите на локалните управи вбризгувајќи годишно минумум 24 милиони евра во вид даноци и концесии. Позитивен ефект ќе има и врз локалните бизниси, каде што согласно проекциите ќе имаат годишен прилив од околу 74 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy