
ЕУ ВОВЕДЕ НОВИ САНКЦИИ ЗА БЕЛОРУСИЈА: Една земја не се усогласи
Србија не се усогласи со новите санкции на Eвропската Унија(ЕУ) против Белорусија.
Таа повторно е единствената земја кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не се усогласи со новата одлука на ЕУ за воведување санкции против Белорусија поради „вмешаноста на Минск во руската агресија на Украина“.
Од 27 март, 25 лица и седум правни лица се вклучуваат на списокот на правни лица, ентитети и тела на кои се применуваат рестриктивни мерки поради ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Минск во руската агресија на Украина.
Србија и претходно не воведе санкции за Русија, иако од ЕУ укажуваа дека мора да се усогласат со надворешната политика.
На 24 февруари во 2022 година кога почна руската инвазија на Украина, Русија изврши напад на Украина од белоруска територија.