Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Деми Мур: Ќе беше навистина прекрасно да добиев „Оскар“
Магазин

Деми Мур: Ќе беше навистина прекрасно да добиев „Оскар“

17/04/2025

AA

Американската актерка, Деми Мур проговори за губењето на „Оскарот“ за најдобра женска главна улога оваа година, не криејќи го разочарувањето… Имено, престижното филмско одличје, наместо нејзе, ѝ припадна на Мајки Медисон за „Анора“, потсеќа „Дејли мејл“ (Daily Mail).

Оваа година, Мур освои „Златен глобус“, „БАФТА“, како и „Наградата на здружението на филмски глумци (САГ)“ за нејзината улога во филмот „Супстанција“ (The Substance) во режија на Корали Фаржа. За таа улога следеа и претходеа десетици други признанија, но не и „Оскарот“. Но, актерката, која е на почетокот од седмото десетлетие од својот живот, тврди дека и претходно веќе претчувствувала дека Медисон ќе победи, па дури и „му го шепнала тоа“ на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг, како што вели.

– Не знам зошто, но го знаев тоа. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба, и сè уште имам, во сѐ што и допрва ќе се случи, изјави Мур.

Таа досега не е наградена со ниту еден „Оскар“, а овогодишната ѝ е единствена номинација во кариерата.

– Секако дека физичкиот, човечки дел од мене кој има его, се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев, призна Мур.

Наредните месеци, Деми, на снимањето во Тексас ќе ја повтори улогата во втората сезона на „Лендмен“ (Landman). Нејзината помлада колешка, пак, „оскаровката“ Медисон допрва треба да објави нови проекти, а неодамна ја одби главната улога во новиот филм „Војна на ѕвездите“ во режија на Шон Леви, во којшто главната улога ќе ја глуми Рајан Гослинг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy