Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ организира чистење на плажата на Преспанското Езеро
Македонија

ЕУ организира чистење на плажата на Преспанското Езеро

16/09/2023

AA

Во недела, 17 септември 2023 година, во 12.00ч. на Преспанското Езеро, заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски ќе ја започнат првата #EUBeachCleanup акција организирана во Северна Македонија. Акцијата за чистење е годишна глобална иницијатива и оваа година ќе се организира на плажата Сливница преку мрежата на млади европски амбасадори „We Balkans“ финансирана од ЕУ.

Иницијативата на ЕУ за чистење плажа се одржува на глобално ниво секоја 3-та недела од септември. #EUBeachCleanup е кампања организирана од Европската комисија со EEAS и Обединетите нации. Се одвива на сите типови крајбрежја, со крајна цел да се подигне свеста за предизвиците на морскиот смет и пластичниот отпад.

Се проценува дека до 2040 година, количината на пластичен отпад во океаните ќе достигне до 37 милиони тони годишно. Загадувањето со пластика е огромен проблем во денешно време, затоа, дури и малите активности можат да направат голема разлика. Секое шише, секоја сламка, секое парче смет што е исчистено може да придонесе кон почиста, поздрава планета.

Годинава брегот на Преспанското Езеро ќе го чистат 20 млади европски амбасадори од Западен Балкан кои ќе им се придружат на своите македонски врсници за да ја исчистат плажата Сливница. Ова е трета година како млади европски амбасадори од регионот ќе учествуваат на настанот, организиран преку проектот „We Balkans“ финансиран од ЕУ. Оваа активност на заедницата, поддржана од Делегацијата на Европската Унија, Јуроп Хаус, како и од општина Ресен ќе ги поттикне луѓето да ги исчистат плажите на Преспанското Езеро од сметот што ги мачи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy