ЕУ најмногу увезуваше високотехнолошки производи од Кина, а најмногу извезувала во САД
Во 2022 година Европската унија увезла високотехнолошки производи во вредност од 482 милијарди евра, а увозот на овој вид стоки е зголемен за 22 отсто во однос на 2021 година, објави Евростат.
Извозот на високотехнолошки производи во земји надвор од ЕУ, исто така, е зголемен во однос на 2021 година, за 16 отсто, на 446 милијарди евра.
ЕУ лани увезла најмногу високотехнолошки производи од Кина, во вредност од 183 милијарди евра, а уделот на увозот на високотехнолошки производи од оваа земја е 38 отсто.
На второ место се САД со учество од 19 отсто, а вредноста на увозот е 91 милијарда евра, објавува Евростат.
Значајни извозници во ЕУ беа Швајцарија – удел од 6 отсто, вредност на увозот 30 милијарди евра, Тајван – учество од 5 отсто, увозна вредност од 23 милијарди евра, како и Велика Британија и Виетнам со учество од 4 отсто.
Во 2022 година ЕУ увезла најмногу високотехнолошки производи од категоријата електроника и телекомуникации, во вредност од 202 милијарди евра.
Бројките покажуваат дека ЕУ извезла повеќе високотехнолошки производи во САД – уделот на извозот бил 26 отсто, во вредност од 118 милијарди евра.
Второто место го зазема Кина, со учество од 12 отсто, во која се извезени стоки за 53 милијарди евра.
Значајни увозници на високотехнолошки стоки од ЕУ беа Велика Британија – девет проценти удел, вредност на извозот 42 милијарди евра, Швајцарија – 6 проценти, вредност 28 милијарди, Јапонија – 4 проценти, 19 милијарди и Турција – 3 проценти, 12 милијарди.
Минатата година ЕУ извезла најмногу високотехнолошки производи од категоријата фармацевтски производи во вредност од 145 милијарди евра.