Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕКОЈ ПЛАТИ 232 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МАЛ ПАКЕТ – има ли нови акционерски позиционирања во прилепска „Витаминка“
Економија

НЕКОЈ ПЛАТИ 232 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА МАЛ ПАКЕТ – има ли нови акционерски позиционирања во прилепска „Витаминка“

11/05/2023

AA

Во петокот минатата недела беа
продадени 1.055 акции на прилепската кондиторска компанија „Витаминка“, преку
две блок трансакции на Македонската берза. Преку двете трансакции купени се 1,38
од акциите на компанијата, за ввупна сума од близу 232 илјади евра, или 14,2
милиони денари. Нема информации кој е купувачот на овие акции, кој за близу еден
и пол процент од акциите на „Витаминка“ плати сума од над 230 илјади евра.

Со оглед што блок трансакциите се случија во петокот, а порамнувањето и за
овие трансакции, како и за редовните, е t плус 2, значи дека преку Централниот
депозитар за хартии од вредност сеуште не може да се види кој е купувачот на
акциите. Имено, промената во состојбата на акционерската структура на компаниите,
на акционерите кои имаат над 5 отсто од капиталот, доколку се случила, може да
се забележи еднаш неделно, практично секој ппонеделник. Во „Витаминка“ има
неколку акционери кои имаат над пет отсто од акциите, и кај нив во понеделникот
оваа недела, односно на 8 мај, нема никаква промена во процентите на акции во
однос на оние кои ги поседувале претходно. Но, со оглед на правилото за
порамнување t плус 2, таква промена не ни можело да има, бидејќи во овој
понеделник се уште не биле поминати два работни дека по склучувањето на блок
трансакциите на берзата. Таквите промени, практично,  Централниот депозитар ќе ги објави дури во
ппонеделник идната недела.

Или, просто кажано, засега не може да се знае дали некој од постојните
позначајни акционери на „Витаминка“, а кои се главно од семејството Наумоски, ги
има купено овие 1,38 отсто од акциите, или тоа е некој сосема друг купувач.

А, акционерската структура на прилепсклата компанија, го има следниот
состав.

Најголем акционер е таткото Симон
Наумоски, кој располага со 29,48 отсто од капиталот на компанијата. Потоа
следува неговиот син Сашо Наумоски, кој е и извршен директор на компанијата, а чии
акционерски пакет изнесува 7,03 отсто.  

Кирил Божиноски располага со 6,04
отсто од капиталот, додека, пак, Стеван Игнатоски поседува 5,98 проценти.

Марика Наумоска, според состојбата
на депозитарот, држи 5,21 проценти, а Наташа Стојковска поседува 5,12 отсто од
акциите на „Витаминка“.

Дали некој од овие акционери го купил пакетот, ќе се знае дури идниот
понеделник, бидејќи тој би требало да го зголеми неговиот акционерски пакет.

Она што треба да се напомене е дека во блок трансакциите акциите достигнаа
повисока цена од онаа по која се тргуваа во претходниот период. Или, во двете
блок трансакции акциите се продадоа по цена од 13.500 денари по акција, цена
која е повисока од онаа по која се продавале акциите во последниов период.

Аако се погледне графиконот на
тргувањето, може да се забележи дека во периодот од 13 февруари па досега имало
неколку пати редовни тргувања со акциите на „Витаминка“, и во сите нив акциите
се продале по 11.000 денари, цена која е значајно пониска од онаа по која
акциите поминаа во блокот. Тоа значи дека некому му бил многу битен овој
акционерски пакет.

Инаку, одредени извори велат дека дел од постојните акционери треба да
внимаваат и на обврските кои им произлегуваат од Законот за преземање на
акционерски друштва, а кои се однесуваат на нивните акционерски пакети, со
оглед што станува збор за капитално поврзани лица и би можело да се
проблематизира евентуалното дополнително купување акции.

Претходно, пак, подолг период не се тргувало со акциите на „Витаминка“,
односно тргување имало на 13 јуни лани, кога акциите се продале по цена од
12.200 денари за акција. На редовното тргување биле продавани и купувани многу
помали количини наспроти 1.055 акции кои поминаа во блок трансакциите.

Инаку, „Витаминка“ лани имала
добивка по оданочување од 1,14 милиони евра, што е помалу од 1,24 милиони евра остварен
профит во 2021 година, но многу повеќе
од 420 илјади евра во 2020 година.

Оваа компанија има
широка палета производи и тоа производи за ужина,
чоколадни производи, слатки, бонбони, пудинзи, сладоледи во прав, шлаг-крем,
пастеризирани производи, кечап и мајонез, супи и сосови,и други додатоци за
храна. Нивната понуда вклучува и инстант производи, сирупи и филтер
чаеви.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45789
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На ВМРО-ДПМНЕ му одговара токму тој

25/09/2026

Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија, порача

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy