
ЕСМ уште десет години ќе обезбедува парно греење
Регулаторната комисија за енергетика му одобри долгорочна лиценца од 10 години на ЕСМ производство на топлина за парно-греење во Скопје.
РКЕ
минатата година издаде три лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со
топлинска енергија на три компании на ЕСМ, но оваа лиценца за производство со топлинска
енергија, беше издадена во ограничен временски период што беше врзан со грејната сезона
поради роковите во кои е склучен договорот за основните средства со Адора инженеринг
„ Денеска ЕСМ производство има лиценца за 10 години. Како што следите РКЕ во континуитет
носи одлуки за сигурна, стабилна и безбедна испорака на енергенси за граѓаните.“ изјави
Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ.