Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ УБАВО УБЈАСНИ ЗОШТО СЕКНА „ЖЕЛЕЗАРСКОТО ПАРНО“ – котлите беа стари и затоа не можеше дневно да се исклучуваат, а тоа трошеше непотребно многу гас
Економија

ЕСМ УБАВО УБЈАСНИ ЗОШТО СЕКНА „ЖЕЛЕЗАРСКОТО ПАРНО“ – котлите беа стари и затоа не можеше дневно да се исклучуваат, а тоа трошеше непотребно многу гас

02/02/2023

AA

ЕСМ денеска со уште едно соопштение до јавноста известува дека спровеле промени во системот на греење на град Скопје, во правец на, како што велат, стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите
потрошувачи, а кои ги има вкупно 62.000, и тоа домаќинства, деловни објекти и
институции.

Ова соопштение следува по вчерашните протести на жителите на Автокоманда, кои си го бараа таканареченото железарско парно. 

„Промените значат дека одреден број
потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22
часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во
просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила
одобрени од Регулаторната комисија.

Овие потрошувачи на Енергетика
досега добиваа парно греење 24 часа.

Имено, од 1 февруари, 2.000
потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ
Снабдување, односно главната градска мрежа на која се снабдува Скопје, додека за
другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат
технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење како и
останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба
Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките
на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат
до 45 отсто.

Причината за воведените промени е
тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба  старите парни котли кои немаат техничка
можност за дневно гаснење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна
потрошувачка на гас.

Котлите се градени во едно друго
време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на
производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини
испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива.
Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат
и околината. 

Доколку се продолжеше со истиот
начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15
милиони евра од буџетот по грејна сезона.

Тоа значи дека или сите граѓани на
Р.Северна Македонија преку буџетот ќе плаќаат за одреден број потрошувачи да
добиваат греење 24 часа, или сметките на СИТЕ потрошувачи во Скопје ќе бидат значително
повисоки“, децидни се од ЕСМ.

За информација на пошироката јавност, како што велат, околу надлежностите на системот за греење, од ЕСМ известуваат дека од вкупно 62.000 потрошувачи во Скопје (домаќинства, деловни
објекти и институции), 57 500 се снабдуваат преку  новоформираните фирми ЕСМ Производство,
Дистрибуција и Снабдување, односно преку главната градска мрежа која претходно
ја оперираше БЕГ, 4.000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата на
ЕСМ-Енергетика, и 500 преку топланата Скопје Север, која е исто така управувана
од АД ЕСМ преку прокурист и финансирано од АД ЕСМ со буџетски средства.

„Треба да се има предвид дека ако
нема средства од буџетот за поддршка на АД ЕСМ во оваа енергетска криза, може
да се случи и воопшто да нема греење, и затоа е потребно рационално користење
на ресурсите“, децидни се од ЕСМ кои имаат надлежност обезбедување на топлинска енергија на скопјани. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy