Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска
Економија

ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска

10/01/2025

AA

Интегрално соопштение

Објавениот јавен повик на 31.12.2024 година (вторник), за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите, од страна на ЕСМ Производство на топлина-ДООЕЛ Скопје заврши. Ве известуваме дека на отворањето на јавниот повик на 08.01.2025 година(среда) не беше доставена ниту една понуда. ЕСМ Производство на топлина работи во насока да се изнајде соодветно решение.

Да потсетиме, Топланите со кои управува ЕСМ Производство на топлина ДООЕЛ Скопје користат исклучиво природен гас како примарно погонско гориво во процесот на производство на топлинска енергија и така ќе продолжи и во иднина. Вршителот на дејноста производство на топлинска енергија има законска обврска да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет согласно лиценцата, со цел да обезбеди сигурно, квалитетно и континуирано производство на топлинска енергија.

Токму затоа, ЕСМ Производство на топлина, поради законската обврска, објави јавен повик за доделување на рамковна спогодба за набавка на резерви за алтернативно гориво-мазут за 15 дена работење на топланите најмногу до 11.000.000kg. 

Огласот беше јавно објавен на интернет страницата на АД ЕСМ www.elem.com.mk и во јавните гласила Службен Весник и Коха и беше достапен за сите заинтересирани економски оператори. Согласно објавениот оглас, друштвото планира да додели рамковна спогодба со избраниот добавувач, односно го задржува правото да набавува количини на мазут согласно тековните потреби, односно да не набави воопшто доколку се покаже за непотребно. Во техничките спецификации за предметот на набавка во тендерската документација е дефиниран стандардот кој мазутот треба да го задоволува, согласно барањата на домашната регулатива, како и индикативните количини кои би биле потребни за максимален режим на работа на топланите за 15 дена.                                                                                                                                                                                АД ЕСМ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy