Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Димитриевски: Мојата врата како градоначалник е отворена за сите граѓани, одлуката за бесплатен превоз е донесена со консензус и без политика
Македонија

Димитриевски: Мојата врата како градоначалник е отворена за сите граѓани, одлуката за бесплатен превоз е донесена со консензус и без политика

10/04/2023

AA

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во утринското гостување на Канал 5 телевизија потенцираше дека многу е горд што одлуката за бесплатен автобуски превоз во Куманово е донесена со апсолутен консензус и без политика.

„Граѓаните го користат, секако дека има свои аномалии и се обидуваме да ги елиминираме, но граѓаните го користат масовно. Се намали сообраќајниот метеж во градот. Дефинитивно, сериозен удар на дивите превозници коишто беа многу и тоа треба да се елиминира во целост, а сега сме во фаза на средување и на такси услугите. Покрај бесплатниот автобуски превоз којшто го немаме ветено на избори, а го реализиравме во овој период особено на тешка социо-економска криза и енергетската криза, работиме и социјални трансфери до граѓаните. Плаќаме на голем број на социјално загрозени семејства сметките за потрошена вода и услугата за износ на смет“, рече Димитриевски.

Тој информираше дека во тек на две години на најзагрозени семејства даваат еднаш еднократна парична помош во износ од 100 евра на младите брачни парови коишто немаат свој дом, а одат да живеат под кирија, им се плаќа субвенција во износ од 9000 денари.

„Дополнителна поддршка даваме на децата без родители, исто така на самохрани родители и уште голем број на други социјални услуги коишто планираме или ги имаме воведено или планираме да ги воведеме во иднина. Еве таргетот сега ни е на лицата со попреченост до крајот на годината да испланираме буџет 2024 година да обезбедиме бесплатен превоз, такси превоз или превоз со комбиња на сите деца коишто одат во дневните центри за вакви лица, да ги посетуваат, да имаат обезбеден превоз, бидејќи тоа е сериозен проблем за родителите. Во следниот период доста енергија и многу нови програми ќе насочиме токму кон оваа категорија на граѓани коишто за жал мора да признаеме дека беа табу тема во општеството во минатото“, изјави Димитриевски.

Во емисијата, Димитриевски посочи дека потребно е да се води на мултиетничкиот карактер и сите тие придобивки од него, бидејќи многу тешко се гради, а многу брзо се урива тој концепт.

„Ние го имаме соживотот, но видете, реалниот соживот се одвива на релација староседелци во градот коишто се взаемно семејно поврзани. Градот живее и многу луѓе доаѓаат од страна што значи дека ние ќе мора нешто да направиме во делот на воспитно-образовниот програм. Не можеме да дозволиме нашите деца да бидат поделени во основно образование и во детска градинка, а потоа да не можат да се интегрираат. Едноставно, мора да дојдеме до ситуација да етничките заедници без разлика кој и да е албанската или други течно го говорат македонскиот јазик, бидејќи немате интеграција во спротивно, вие сега имате реален суштински соживот само помеѓу политичката елита, додека граѓаните кога ќе излезат младите луѓе на концерт заедно многупати се случува да ги слушнете како говорат взаемно на англиски јазик што е погубно за државата“, додаде Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека неговата врата како градоначалник е константно отворена за сите граѓани.

„Во минатото имав приемни денови, сега веќе немам, секој ден е приемен ден, кој како ќе најде можност така ќе влезе да го решава проблемот, бидејќи на крајот на денот колку средби и да има еден граѓанин со било кој од вработените во општината, на крајот од денот сака да се сретне и да го види својот градоначалник. За мене, тоа е разбирливо, некогаш имате време ги примате сите, некогаш немате време за сите и чекаат одреден временски период“, истакна Димитриевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy