Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ештон Кучер и Мила Кунис го навлекоа гневот со поддршката за Мастерсон
Магазин

Ештон Кучер и Мила Кунис го навлекоа гневот со поддршката за Мастерсон

11/09/2023

AA

Актерот Дени Мастерсон пред да биде осуден на 30 години до доживотен затвор за две точки од обвинението за силување, неколку негови колеги од „Луди 70-ти“, вклучувајќи ги и Ештон Кучер и Мила Кунис, напишале писма со поддршка до Судот, со надеж дека ќе влијаат на казната на Дени

Ештон и Мила се двајца од над 50 луѓе кои му пишале на судијата, а тие писма ги добила и редакцијата на „Варајети“ (Variety), како што пренесуваат. Тие двајца глумеа заедно со Мастерсон во хумористичната серија и се верува дека влијаеле на изрекување поблага казна.

„Иако сум свесен дека пресудата вели дека Дени е виновен за две точки од обвинението за силување и дека жртвите имаат силна желба за правда, се надевам дека моето сведочење за неговатат личност ќе биде земено предвид при изрекувањето на казната. Не верувам дека тој носи каква било трајна штета за општеството. Тој има ќерка која ќе порасне без татко, што само по себе е третостепена неправда. Ви благодариме што одвоивте време да го прочитате ова“, пишува Кучер.

Во писмово уште се вели дека Мастерсон е „примерна личност“, а Мила тврди дека тој е „исклучителен лик“ и „исклучителен пример на постар брат“.

„Со цело срце гарантирам за исклучителниот карактер на Дени Мастерсон и огромното позитивно влијание што тој го имаше врз мене и луѓето околу него. Неговата посветеност на живот без дрога и искрена грижа за другите го прават извонредна личност за пример и пријател“, додаде Мила.

Тие истакнуваат дека Дени бил поборник против дрогата. Инаку, обвинителите тврдеа дека Мастерсон ги дрогирал жените пред да ги силува.

„Меѓу најистакнатите делови на личноста на Дени е неговата непоколеблива посветеност да ја обесхрабри употребата на дрога. Неговото влијание врз мене во тој поглед беше непроценливо. Во индустрија каде што притисокот и искушенијата за употреба на супстанции можат да бидат огромни, Дени одигра клучна улога во одвраќање од такви деструктивни начини“, истакнува Кунис.

И двата напади се случиле во домот на Мастерсон во Холивуд Хилс, 2003 година, кога тој беше на врвот од својата слава, додека се прикажуваше „Луди 70-ти“, каде тој го глуми Хајд.

На интернет се шири и сцена од ТВ-серијата каде циничниот Хајд му ја предвидува иднината на Дени. Имено, во разговор за работа, прашан „каде се гледа за пет години“, Хајд вели: „В затвор“.

Инаку, поротата составена од седум жени и пет мажи го прогласи Дени Мастерсон за виновен по две точки од обвинението по седум дена расправа. Беше осуден на 30 години – до доживотен затвор поради силување на две жени. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Шарлејн Олмедо го осуди 47-годишниот глумец. Сопругата на Мастерсон се расплака по пресудата.

„Господине Мастерсон, вие не сте жртва овде. Вашите постапки пред 20 години му го одземаа изборот на друг. Вашите постапки пред 20 години беа криминални и затоа сте тука”, нагласи судијката при читањето на пресудата. – „Не бевте осудени врз основа на гласини, алузии, озборувања и шпекулации. Бевте осудени врз основа на докази коишто 12 лица од поротата ги прогласија за веродостојни“, додаде таа.

Меѓу другите кои ѝ пишаа на судијката беа Дебора Џо Руп (која ја глуми Кити) и Куртвуд Смит (Ред). Натаму, покрај семејството на Мастерсон, испратени се и писма со холивудските имиња на Џовани Рибиси, Џим Патерсон, Џени Вајнман и Дејвид Трејнер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy