Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски предадe докази до ОЈО: Очекуваме дека ЈО, спротивно на поддршката од власта за „Канцер мафијата“, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“
Македонија

Стоилковски предадe докази до ОЈО: Очекуваме дека ЈО, спротивно на поддршката од власта за „Канцер мафијата“, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“

23/11/2023

AA

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, денеска предаде докази во Основното Јавно обвинителство.

„Денеска до Основното јавно обвинителство ги доставивме документите во врска со случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија, онака како што најавивме.

Страшно е што и по три месеци наводна работа предистрага, нема оформен предмет во Основното јавно обвинителство и нема започнат процес за „Диво месо“, а мафијата се уште функционира, работи на Онкологија, бидејќи никој таму не е опфатен со некаков процес со кој што би бил отстранет од работата.

Јасно е дека зад ваквото однесување стои политичка одлука, СДС веднаш застана зад „Канцер мафијата“ по објавувањето на документите доставени од укажувач во ВМРО-ДПМНЕ.

Сето тоа се гледа и од односот со и кон работата на Комисијата во Собранието посветена на случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија.

Денеска до Основното јавно обвинителство предадовме документи доставени од укажувач коишто посочуваат:

1. Дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапијата за болните кои што се третирале на Клиниката, никој не ги предупредил оние кои што требаа да ја испорачаат и никој за тоа не одговарал, односно за работата на омилената фармацевтска куќа на власта.

2. Доставивме докази дека се создавале можеби фиктивни вишоци на лекови и терапии, тие биле нарачувани, а пациентите сепак не ги добивале.

3. Докази дека никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, пакување, со што постојат сомнежи дека вишокот завршувал надвор од болницата.

4. Дополнително терапијата била давана на пациенти во торбички на пациенти за да се искористат во приватни установи, а била наплаќана услуга како да била аплицирана во Универзитетската клиника!

Почитувани,

Очекуваме дека сепак кај Јавното обвинителство ќе проработи човечноста и спротивно на поддршката од власта за „Канцер мафијата“, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“ на Онкологија.

Се работи за „Канцер мафија“, „Диво месо“ кое што го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите“, вели Стоилковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АХВ побара вакцини против сипаници кај овците од ЕК и

20/08/2026
Македонија

Леб по 126 денари, душеци од 1,1 милион и неевидентирана

20/08/2026
Македонија

Македонија утре во портокалова фаза: УХМР предупредува на високи температури

20/08/2026
Македонија

Обвинителството не најде криминал и го затвори случајот за набавките

20/08/2026
Македонија

Продолжен притворот за осомничените за загадувањето на гостиварската вода: четворицата

20/08/2026
Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над

20/08/2026
Македонија

Ибвинителството денеска ќе ја соопшти одлуката за истрагата за 19-те

20/08/2026
Македонија

Пожар кај Никуштак детектиран со смарт-камерите на ЦУК

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45134
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АХВ побара вакцини против сипаници кај овците од ЕК и Турција

20/08/2026

По зголемениот број случаи на угинати овци, надлежните институции преземаат дополнителни активности за ставање под контрола на болеста. Агенцијата за

Леб по 126 денари, душеци од 1,1 милион и неевидентирана опрема од 21,5 милиони: ДЗР

20/08/2026

Скап леб, неискористени душеци и милионска опрема што не е заведена во евиденцијата се дел од неправилностите што ги утврдил

Македонија утре во портокалова фаза: УХМР предупредува на високи температури

20/08/2026

Македонија утре ќе биде под портокалова метеоаларм фаза поради очекуваните високи температури на територијата на целата држава. Според УХМР, за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy