
Ќерката на сојузникот на Путин пронајдена мртва во Москва: Наталија се чувствувала „лошо“ и престанала да ја отвора вратата, а потоа полицијата и го открила телото
Гламурозната ќерка на сојузникот на Путин е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Москва, откако „се чувствувала лошо“.
Наталија Бочкарева (44), ќерка на поранешниот сојузник на Владимир Путин, Василиј Бочкарева, беше пронајдена мртва во својот стан во московскиот кварт Пресненски на 11 јули.
Консиержот од нејзиниот стан повикал полиција да пријави дека престанала да ја отвора вратата.
Но, кога полицијата отишла во станот и насилно ја отворила влезната врата, го открила нејзиниот труп, пишува Дејли мејл.
Daughter of Putin ally is found dead in her Moscow apartment after ‘feeling unwell’ in latest mysterious fatality to hit Russia’s elite.https://t.co/GdGYjtp22t
— thecosmicreason (@RichardPopperw1) July 14, 2023
Тоа е последното во низата јавни личности кои ненадејно се разболеле и починале во Русија.
Според првичните податоци, немало знаци на насилна смрт.
Наталија е ќерка на покојниот господин Бочкарев, кој раководеше со регионот Пенза од 1998 до 2015 година.
Who was Natalia Bochkareva? | The Sun – https://t.co/KmM44ifAcp pic.twitter.com/v2QJjKqQhw
— Daily Updated News (@dailyupdated3) July 14, 2023
67-годишникот, кој припаѓаше на партијата Единствена Русија на Владимир Путин, почина од рак на белите дробови една година откако ја напушти функцијата.
Бочкарева ги водеше семејните дрвни и пекарски бизниси по смртта на нејзиниот татко.
Но, пред две години, таа се најде на насловните страници откако стана жртва на измама кога на самонаречената гатачка испрати 16 милиони рубљи (159.000 евра) за да ја отстрани клетвата.
Меѓутоа, откако ги добила парите, гатачката ги прекинала сите контакти со Наталија и не го исполнила својот дел од договорот.
Русија е погодена од голем број „сомнителни“ смртни случаи – многу поврзани со енергетскиот сектор – откако тензиите ескалираа пред инвазијата на Путин на Украина во февруари 2022 година.
Who was Natalia Bochkareva? https://t.co/bQ8zycxSeD#Conflict ##HumanRights #warinukraine #Global #Tanzania #Headlines #International #WorldNews #Russia #Ukraine#news #breaking #kenya
— UMVA LAB (@umvalab) July 14, 2023
Во јануари Магомед Абдулаев (61), близок до поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, беше прегазен од автомобил и почина од тешки повреди во Махачкала на Каспиското Море. Украина веднаш посочи дека тоа е последната во низата руски смртни случаи во текот на изминатата година, во кои доминираше војната на Владимир Путин.
Телеграмскиот канал Правда Герашченко, управуван од украинскиот функционер Антон Герашченко, објави: „Уште една мистериозна смрт на руски функционер. Автомобил го собори поранешниот премиер на Дагестан во Махачкала и го усмрти. Руските медиуми јавуваат дека Магомед Абдулаев (61) станал жртва на судир кога го преминал патот на погрешно место“.