Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕОС Матрикс: Силен развој на секундарниот пазар и нови можности за инвестиции во недвижности на повидок во 2024 година
Македонија

ЕОС Матрикс: Силен развој на секундарниот пазар и нови можности за инвестиции во недвижности на повидок во 2024 година

27/12/2023

AA

Балканскиот регион, а со него и домашната економија имаат потреба од развој на секундарниот финансиски пазар за трансакции со нефункционални пласмани, односно пазарот за пренос на доспеани побарувања, особено преносот на нефункционални побарувања од банкарскиот сектор кон специјализираните компании кои инвестираат во оваа област. Развиениот длабок и ликвиден секундарен пазар ќе придонесе кон зајакнување на економијата и ќе помогне кон целокупното приближување на земјата поблиску до практиките на Европската Унија и кон успешна хармонизација со постоечките директиви кои веќе наоѓаат своја примена во земјите на ЕУ. „ЕОС Матрикс“ како единствена компанија на домашниот пазар специјализирана за професионално управување со побарувањата споделува дека износот на отпишани побарувања од страна на банкарскиот сектор во последните 7 години изнесува приближно 350 милиони евра. Оваа бројка ја отсликува големината на неискористениот потенцијал на домашниот секундарен финансиски пазар.

„Управувањето со нефункционални побарувања е финансиски инструмент со голем потенцијал, кој може да понуди солуција и да отвори можности за развој на бизнисите, но и да поттикне економски развој. Нашите анализи покажаа дека потенцијалот на пазарот е и во многу недвижности кои се заробени во отпишаните побарувања. Искуството и експертизата што ги имаме во рамки на групацијата ни овозможија на овие недвижности да гледаме како на нов потенцијал, па по нивното преземање, преку трансформација создаваме услови истите да добијат нова вредност, која ќе биде атрактивна за привлекување на нови инвестиции.“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на „ЕОС Матрикс“.

„ЕОС Матрикс“ е дел од Групацијата ЕОС, која има широко портфолио на инвестиции во недвижности, чија вредност достигнува 510 милиони евра.

Трансформацијата на недвижниот имот кој претставува обезбедување на одредено нефункционално побарување, освен што овозможува овие имоти повторно да станат атрактивни и да се вратат на пазарот, влијае и на заштитата на животната средина и на примената на принципите врз кои се базираат ЕСГ-стандардите. Имено, процесот на трансформација на овој имот значи и целосна ревитализација на зелените површини, но и подобрување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродните емисии.

„ЕОС Матрикс“ очекува овој сегмент дополнително да се развива следната година и да биде еден од неколкуте клучни столбови на финансискиот пазар, особено во делот на управување со финансиските ризици.

И покрај високата инфлација и нестабилноста на финансиските пазари, кои беа предизвикани од геополитички случувања, „ЕОС Матрикс Македонија“ успеа да го реализира својот бизнис план, а во одредени сегменти дури и да го натфрли. Следната година компанијата ќе се фокусира на дополнително зајакнување на своите позиции на пазарот, со акцент на развој на нови модели и потенцијали.

„ЕОС Матрикс Македонија“ е финансиски инвеститор со меѓународна експертиза, кој во континуитет развива нови финансиски алатки и иновативни технолошки решенија, кои ја збогатуваат понудата на финансискиот пазар, овозможувајќи повеќе различни опции за подобрување на конкурентноста на македонските компании.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy