Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 EOS Матрих Македонија ја завршува 2025 година со рекордни деловни резултати и инвестиции од над 30 милиони евра
Македонија

EOS Матрих Македонија ја завршува 2025 година со рекордни деловни резултати и инвестиции од над 30 милиони евра

26/12/2025

AA

Со рекордни деловни резултати, значајно зголемени инвестиции и јасна стратегиска насока за идниот период, EOS Матрих Македонија ја заокружува 2025 година како најуспешна во своето работење. Во услови на зголемена динамика на секундарниот пазар на нефункционални пласмани и засилени регулаторни барања, компанијата дополнително ја зацврсти својата лидерска позиција, како еден од клучните чинители во управувањето со побарувањата и поддршката на финансиската стабилност во земјава.

Во годината што изминува, EOS Матрих Македонија управуваше со портфолио од околу 150.000 предмети, од кои повеќе од 20 отсто се веќе затворени, со целосно намирени обврски кон компанијата. Истовремено, беа реализирани инвестиции од 15 милиони евра, што е повеќе од двојно зголемување во однос на претходната година. Со тоа, вкупните инвестиции на компанијата надминаа 30 милиони евра на македонскиот пазар, што ја потврдува нејзината долгорочна определба за поддршка на процесите на раздолжување кај граѓаните, на финансискиот сектор, како и на економскиот развој на земјата воопшто.

Особено значајно достигнување за 2025 година е преземањето на двете најголеми портфолија на нефункционални пласмани што досега се понудени на македонскиот пазар, од кои едното обезбедено, а другото е необезбедено.

„Резултатите што ги остваривме во 2025 година се јасна потврда на нашата долгорочна стратегија и на системскиот пристап во управувањето со побарувањата. Преку зголемени инвестиции, преземање на комплексни портфолија, користење на напредни технологии и интензивна дигитална трансформација, успеавме да изградиме стабилна платформа за одржлив раст. Во периодот што следува, наш фокус останува да биде усогласување со европската регулатива, натамошно унапредување на дигиталните алатки, како и креирање на додадена вредност за финансискиот сектор и за економијата на земјава во целина“, изјави д-р Катерина Бошевска, главен извршен директор на EOS Матрих за Македонија и Косово.

Како дел од меѓународната EOS Групација, присутна на повеќе од 25 пазари во Европа, EOS Матрих во земјава делува според унифицирани европски стандарди и процеси. Во насока на унапредување на транспарентноста, ефикасноста и комуникацијата со корисниците, во фокусот на 2025 година беше континуираниот развој на MyEOS дигиталната платформа. Преку оваа алатка корисниците имаат можност да проверат дали се дел од портфолиото на EOS Матрих, да добијат целосен онлајн увид во својата индивидуална состојба, да вршат онлајн плаќања, како и да остварат директна комуникација со компанијата. Платформата нуди транспарентен, сигурен и флексибилен пристап кон управувањето со обврските, прилагоден на реалната финансиска состојба на корисниците, а тимот на ЕОС дава континуирана поддршка низ целиот процес.

Технолошката инфраструктура што ја користи EOS Матрих е идентична со онаа што се применува на развиените европски пазари, како што се Германија, Шпанија и Франција. Дел од развојот и унапредувањето на овие системи се реализира и во Македонија, преку EOS ITech – ИТ-хаб на групацијата, кој вработува домашни инженери што работат на решенија за европските пазари.

Во наредниот период, како еден од клучните предизвици за целиот сектор останува имплементацијата на европската регулатива за секундарниот пазар на нефункционални пласмани, која има за цел да обезбеди поголема стандардизација, повисок квалитет на услугите и фер третман на крајните корисници. Во тој контекст, за 2026 година фокусот на EOS Матрих ќе биде насочен кон натамошна дигитализација на процесите, континуирани инвестиции во портфолија, дополнително унапредување на платформата MyEOS, развој на решенија базирани на вештачка интелигенција и целосно усогласување со европските оперативни стандарди. Компанијата ќе остане посветена на својата мисија за обезбедување фер, транспарентни и ефикасни решенија кај граѓаните, компаниите и македонската економија во целина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy