
Зоран Ставрески присутен на Конференција СЕФФ организирана од Министерството за финансии
Поранешниот министер за финансии Зоран Стеврески денеска се појави на Конференција – Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“ организирана од Министерството за финансии во Скопје.
Конференцијата со воведни обраќања ја отворија премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и главниот говорник на Конференцијата еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.
Последната информација за долгогодишниот министер за финансии во владите на Никола Груевски е дека е дел од работното тело на ВМРО-ДПМНЕ кое ја контролира работата на градоначалниците на партијата
На Конференцијата ќе говорат високи претставници на европските банки – Европска инвестициска банка, Банка за развој при Советот на Европа и Европска банка за обнова и развој, на меѓународните финансиски институции – Светска банка и ММФ, УСАИД, како и претставници од владите во регионот и земјава, дипломати, претставници од бизнис-секторот, академската јавност итн.
СЕФФ е иницијатива на Министерството за финансии за обединување и дебата помеѓу креаторите на политиките и политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската јавност, бизнис-секторот и други експерти, со цел креирање синергија на идеи и иницијативи за економско закрепнување и инклузивен, забрзан и зелен раст.