Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски за градењето на Коридорите 8 и 10Д: Ако денеска одите на локациите каде отпочна градбата, гарантирам нема да најдете градежни машини
Македонија

Мицкоски за градењето на Коридорите 8 и 10Д: Ако денеска одите на локациите каде отпочна градбата, гарантирам нема да најдете градежни машини

15/09/2023

AA

Ако појдете денеска и на двете локации каде што се детонираше динамит, симболично отпочнувајќи ја градбата, јас ви гарантирам, еве денеска појдете од тука, нема да најдете градежни машини. Е еве од тука, вие сте медиуми појдете и ќе видите дека таму нема да најдете градежни машини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски ова го истакна од општина Бутел, каде што присуствуваше на увид на градежни работи во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, при што од новинарите беше прашан за коментар на најавите на премиерот Димитар Ковачевски, дека Коридорите 8 и 10Д, за кои власта пред неколку дена обележа започнување на градежни активности, ќе се градат со полна пареа.

Мицкоски посочи дека она што е пострашно е тоа што за главен подизведувач на овие проекти е избрана фирма која е партиски донатор на албанската владејачка партија ДУИ.

„Она што е уште пострашно е што главниот изведувач, односно подизведувач на овој проект е партиски донатор на Демократската унија за интеграција или фирма поврзана со нив. Тоа е онаа суштина каде што јасно се гледа коалицијата помеѓу политичките криминалци и вистинските криминалци, е сега тука имаме и бизнисмени во целиот овој трилинг. Тоа е суштината. Појдете еве од тука, јас ве повикувам да појдете да видите дали воопшто имаме градежна оператива и дали тоа таму се гради“, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во прва официјална посета на

21/07/2026
Македонија

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со

21/07/2026
Македонија

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, пречекана со највисоки државни почести

21/07/2026
Македонија

И Грција ќе „дели“ пасоши само со доказ за грчко

21/07/2026
Македонија

ФОТО Раководителите на гостиварски „Комуналец“ изведени пред обвинител

21/07/2026
Македонија

Царина со зајакнати контроли на Охридското езер

21/07/2026
Македонија

Гиновска: „Комуналец“ немал никаква дозвола да пушта вода од отворениот

21/07/2026
Македонија

Ревизорски извештај за 2024: Нафтени резерви намалени, позајмен мазут не

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44515
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, во прва официјална посета на Македонија: Стремеж за трговска размена

21/07/2026

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, допатува во својата прва официјална посета на земјава. Заедно со бројна делегација во која членуваат

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

21/07/2026

Доколку надлежните институции не преземат итни и сериозни мерки, постои ризик од поголема катастрофа во Гостивар, труење со храна и појава

Претседателката на Индија, Драупади Мурму, пречекана со највисоки државни почести во Скопје

21/07/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Драупади Мурму,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy