
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Швајцарија
Швајцарија денеска ја погоди земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, а засега нема информации за материјална штета, соопшти Швајцарската сеизмолошка служба (ЕТХ).
Земјотресот се случил во 3:35 часот по локално време во близина на градот Ивонан во кантонот Во, но бил почувствуван и на широко подрачје на земјата, пренесува швајцарско инфо.
Како што е наведено, Швајцарија е погодена од околу 10 до 20 земјотреси годишно.