
Висок претставник на НАТО: На Западот му снемува муниција за Украина
На најголемите земји на Запад им снемува муниција што би можеле да и ја дадат на Украина за одбрана од целосна руска инвазија, предупреди денеска висок функционер на НАТО на Форумот за безбедност во Варшава.
Шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, рече дека „дното на бурето сега е видливо“ и посочи дека владите и производителите на оружје мора „да го зголемат производството со многу поголемо темпо“, бидејќи украинската армија пука илјадници гранати секој ден, а повеќето доаѓаат од НАТО.Би-Би-Си.
Бауер рече дека децениското недоволно инвестирање значело дека членките на НАТО почнале да ја снабдуваат Украина со оружје од нивните и онака полупразни магацини.
Ни требаат големи количини. Она што го изградивме заедно во последните 30 години во нашите либерални економии беше доволно за многу работи, но не и за вооружените сили кога војната трае, рече Бауер.