
ВИДЕО Пожар во терминал на најголемиот руски производител на течен природен гас
Пожар избувна на терминалот на најголемиот руски производител на течен природен гас Новатек во балтичкото пристаниште Уст-Луга, изјави гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко, цитиран од Ројтерс.
„Немаше жртви како резултат на пожарот на терминалот Новатек во пристаништето Уст-Луга. Персоналот е евакуиран“, напиша Дрозденко во Телеграм.
Тој не ги прецизираше причините за пожарот на пристаништето, кое се наоѓа во рускиот дел на Финскиот залив, забележа Ројтерс.
Според руската новинска агенција Шот, во областа се слушнале неколку експлозии. Руското електронско издание Фонтанка објави дека пред да се пријави пожарот, локалните жители забележале најмалку два дрона како летаат кон Санкт Петербург.
Неодамна Русија и Украина почнаа да разменуваат удари по инфраструктурни објекти. Целта на овие напади е да се нарушат линиите за снабдување и логистиката на спротивната страна и да се скрши моралот во речиси двегодишната војна, коментира Ројтерс.
Во петокот, беспилотно летало нападна складиште за нафта во западната руска област Брјанск, на границата со Украина. Ден претходно беше нападнат и руски нафтен терминал во Балтичкото Море, а според руските власти, пловилото не е повредено.