Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: 1.891 повици на 112 во последното деноноќие, и еден повик за фателен пожар во населени места, при што имало и починато лице
Македонија

ЦУК: 1.891 повици на 112 во последното деноноќие, и еден повик за фателен пожар во населени места, при што имало и починато лице

21/01/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.891 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,41%, а 58,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,03%, кон Итната медицинска помош 30,47%, кон пожарникарите 0,89%, а кон АМСМ 1,18% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 12,43% со другите 57,54% што се именувани како „неитни повици“, биле 1.150 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Според вкупните податоци во ЦУК, наспроти снегот и студеното време имало повеќе пожари и еден фателен пожар во населени места, при што имало и починато лице.
Регионалниот ЦУК Куманово, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Ранковце, од околу 04:20 часот интервенирале поради опожарена куќа во с.Отошница, во Општина Ранковце. Според известувањето од ТППЕ во пожарот има и починато лице. За да може побезбедно да се интервенира, околу 04:45 часот било побарано и ЕВН да ја исклучи струјата во тој реон. За настанот, покрај Итната медицинска помош, се известени и МВР СВР Куманово.
Пожарникарите од ТППЕ Куманово, од 04:25 до 05:45 часот, со 7 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале заради опожарена на куќа на ул. „716“ бр.9 во населбата „Баново Трло“.

Пожарникарите од БППЗ на град Скопје имале една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Охрид, во текот на денот имала 4 (четири) интервенции поради запалени оџаци. ТППЕ Кичево имала една интервенција поради запален оџак. ТППЕ Прилеп, од 20:12 до 21:35 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле опожарен дел од мотор на автобус на патниот правец с.Беловодица – Прилеп. Имале и една помала интервенција поради запален оџак.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy