
ВИДЕО Отровна змија од речиси 5 метра нападна жена: Шокантна сцена, ја држат 6 мажи…
Жена доживеала невиден шок кога открила огромна змија под хаубата на својот автомобил!
Драмата се случила во село во тајландската провинција Чантабури. За присуството на змијата жената претходно ја предупредило упорно куче кое лае.
Тим експерти потоа ја извадиле од автомобилот кралската кобра долга речиси 4,25 метри и тешка 16 килограми! Експертот кој ја отстранил кралската кобра наведува дека тоа е најголемата змија што ја сретнал.
Кралската кобра е најдолгата отровна змија во светот.
На видеото може да се види дека дури шест мажи ја држат змијата и дека и покрај тоа имаат проблем да ја контролираат.
Се претпоставува дека змијата побарала засолниште во моторниот простор на возилото поради големата топлина. Подоцна била префрлена во тајландскиот центар за диви животни.
Тајландските работници едвај извлекле од канализацијата кралска кобра долга четири метри. Целата акција не била нималку наивна и траела повеќе од еден час, а од здружението за заштита на животните велат дека досега не уловиле толку голем примерок.