
ВИДЕО Момчиња на мотори дивеат низ скопски Бутел – возат на едно тркало, поминуваат и на црвено светло!
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како младо момче управува мотоцикл на едно тркало, притоа поминувајќи на црвено светло на семафор.
Зад него се движи уште еден мотоцикл со две момчиња кои го снимаат, а и самите подоцна го игнорираат црвеното светло.
Според видеото настанот се случил во скопската населба Бутел.
Поведението предизвика остри реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните повикуваат на построги контроли и санкции за несовесните учесници во сообраќајот.
Засега нема информации дали надлежните институции презеле мерки.