
ВАР експерт објасни зошто судијата не погрешил со пеналот за Англија
Еден ден по вчерашниот тема една од главните теми во спортските медиуми е пеналот кој го доби Англија во 15. минута. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Хари Кејн кој израмни на 1:1. Тој резултат беше актуелен се до самата завршница кога Оли Воткинс во 91. минута ја погоди мрежата.
Бројни англиски аналитичар и поранешни фудбалери како Гери Невил и Џејми Карагер се согласија дека судијата Феликс Цвајер престрого досудил пенал.
Дејл Џонсон кој е ВАР експерт се обиде да објасни зошто ВАР собата не реагирала.
„Зошто на судијата му беше сугерирано дека ова е пенал? Поради природата на стартот на Дамфрис кој стартуваше со отворен ѓон кон Кејн додека англискиот напаѓач се обидуваше да шутира. Тоа се смета за невнимателен и безобразен старт и воедно поради тоа на Холандија и беше покажан жолт картон. Ваквите безобразни или опасни стартови се единствената ситуација во која судиите може да досудат пенал и по ударот“, објасни Џонсон.