
Урсула фон дер Лајен: Папата инспирираше милиони со својата понизност
Лидерите на европските институции ја истакнаа посветеноста на папата Франциско за мир, сиромашните и намалување на гладот во светот по повод неговата смрт.
„Во својата последна порака за Светскиот ден на мирот, тој предложи три активности за да се донесе „трајна промена“ – простување на меѓународниот долг, укинување на смртната казна и прераспределба на воените ресурси за да се стави крај на гладот. Нека неговите идеи продолжат да не водат кон иднина полна со надеж“, рече претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.
„Тој инспирираше милиони луѓе, многу подалеку од Католичката црква, со својата понизност и таква чиста љубов кон сиромашните. Им се придружувам на многуте милиони ширум светот кои тагуваат за смртта на Неговата Светост Папата Франциско. Моите мисли се со сите кои ја чувствуваат оваа длабока загуба. Нека најдат утеха во идејата дека наследството на папата Франциско ќе продолжи“, рече претседателката на комисијата Урсула фон.
„Европа жали за смртта на Неговата Светост Папата Франциско. Неговата заразна насмевка ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот. „Народниот папа“ ќе остане запаметен по љубовта кон животот, надежта за мир, сочувството за еднаквоста и социјалната правда“, изјави претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.