
Турција: Уапсени речиси 1.000 луѓе осомничени за поврзаност со КРП
Турската полиција уапси 928 лица ширум земјата осомничени за врски со забранетата Курдистанска работничка партија (КРП), два дена по бомбашкиот напад во Анкара, објавија денеска државните медиуми. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека 12 наводни членови на ПКК биле повредени во операции низ Турција, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека постои сомневање дека уапсените поседувале нелегално огнено оружје или дека се поврзани со шверц на оружје. Јерликаја изјави дека во акцијата биле запленети повеќе од 840 парчиња оружје. Во неделата на 1 октомври двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца полицајци беа полесно повредени. Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група на Курдистанската работничка партија, пренесува Танјуг.