
Тиктокерка осудена на две години затвор поради снимка на која јаде свинско! Мора да плати и ГОЛЕМА КАЗНА!
Тиктокерката Лина Мукерџи е осудена на две години затвор во Индонезија за видео на кое таа рецитира исламска молитва, а потоа јаде свинско месо, што беше широко осудено во земјата со мнозинско муслиманско население. Клипот стана вирален и собра милиони прегледи.
Во видеото, Лина се мршти додека ја рецитира муслиманската молитва пред да ја јаде крцкавата свинска кожа. Некој ја пријавил, па инфлуенсерката е прогласен за виновна пред судот во градот Палембанг за „ширење информации со цел поттикнување омраза против религиозни поединци и одредени групи“.
Мукерџи, која и самата е муслиманка, исто така беше казнета за видеото – наредба да плати 250 милиони рупии (15.000 евра). Индонезија е најголемата нација со муслиманско мнозинство во светот и има строги закони за богохулење.
Според исламот, свинското месо се смета за харам, односно грев. Лина по судењето пред новинарите изјави дека е изненадена од пресудата. „Знам дека грешам, но не ја очекував оваа казна“, рече Лина на локалната станица Метро ТВ.
Највисокото муслиманско свештено тело во Индонезија, Индонезискиот совет на улеми, одлучи дека нејзиното видео е богохулно. Популарната креаторка има повеќе од 2,2 милиони следбеници на TikTok. Нејзиниот случај е последен во серијата осуди за богохулење од висок профил во последниве години.
Минатата година, шест лица беа уапсени откако синџир барови промовираше бесплатен алкохол на патроните наречени Мохамед. И во 2017 година, христијанскиот поранешен гувернер на Џакарта беше фрлен зад решетки бидејќи беше обвинет за навреда на исламот.