
Тешка несреќа на патот Штип – Кочани – во прекин сообраќајот!
АМСМ информира дека сообраќајот кај с.Тркање – Кочани во близина на Бензиска пупма Лукоил е во прекин.
Медиумите пак пишуваат дека на местото се случила тешка сообраќајна несреќа во која неофицијално има жртви.
Според информациите, едното возило се запалило, а на терен се полиција, противпожарна екипа и Брза помош.