
Сунак не се согласува, со Бајден разговараше за касетната муниција за Украина: „Очигледно на секоја земја е да донесе одлука за тоа“
Британскиот премиер Риши Сунак и американскиот претседател Џозеф Бајден денеска разговараа за одлуката на САД да испрати касетна муниција во Украина, изјави портпаролот на Сунак.
Тој посочи дека Сунак му рекол на Бајден дека Велика Британија е потписник на меѓународната конвенција која ја обесхрабрува употребата на касетна муниција и дека на секоја земја е да донесе сопствена одлука за тоа како се користи ова оружје.
– Остануваме на нашите обврски од конвенцијата, кои вклучуваат обесхрабрување на нивната употреба. Кај нас нема промена на овој план, очигледно е на секоја земја да донесе одлука – потенцираше портпаролот во своето обраќање пред новинарите.