
Стигна заслужената награда точно пред летните одмори! Чии акционери вчера поделија 36 милиони евра дивиденда?
Од дивидендата што ја подели една од трите најголеми деловни банки НЛБ Скопје, вчера, во Македонија ќе останат речиси 8 милиони евра. Од тоа 3,6 милиони евра се данок што го наплаќа УЈП во име и за сметка на државата, а другите 4,17 милиони евра ќе ги поделат меѓусебе над 1.300 домашни акционери кои поседуваат 12,75% од акциите во оваа банка
НЛБ Банка вчера исплати 36 милиони евра дивиденда во бруто износ на своите над 1.300 акционери, објави банката. Од оваа дивиденда најголем дел од парите одат во Словенија кај банката – мајка која воедно е и најголем акционер во НЛБ Банка Скопје. Во Македонија останува данокот што го собира УЈП во име и за сметка на централниот буџет, а тоа се 3,6 милиони евра односно една десетина од дивидендата. Освен тоа во Македонија остануваат и речиси 13 отсто од нето износот на дивиденда, колку што и во акционерската структура учествуваат акциите на малцинските акционери – домашни физички лица. Нив ги има вкупно 1.447 од кои 1.227 се домашни физички лица и уште 122 се домашни правни лица. Сите тие добија 4,17 милиони евра.
Останатите над 28 милиони евра одат кај најголемиот акционер Нова Љубљанска банка која поседува 87 отсто од акциите.
Скопска НЛБ Банка важи за еден од најредовните даватели на дивиденда на македонскиот пазар на капитал. Освен тоа важи и за една од компаниите чија акција носи висок дивиденден принос како од аспект на апсолутна врендост на дивидендата, така и од аспект на принос во однос на нејзината пазарна цена.
За тоа како работи на македонскиот пазар НЛБ Банка Скопје повеќе детали на следниот линк https://faktor.mk/nlb-banka-vo-2024-godina-silen-rast-na-kamati-krediti-i-depoziti
Н.С.
foto freepik.com
/faktor.mk