
Со возило удрил во трансформатор за струја кај Соборна – исклучени семафорите, голем метеж!
Метеж настана кај Соборниот храм откако човек со возило удрил во еден од трансформаторите за струја, јавува А1он.мк
Според порталот, поради штетата биле исклучени и семафорите, па сообраќајот го контролира сообраќаен полицаец.
МВР во моментот е на местото каде се случи сообраќајката за да се утврди за колкава штета се работи и како се случила незгодата.