
Шилегов: Не знам зошто отишол Зечевиќ кај Данела, можe бил приватно
Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вечерва во емисија на телевизија Сител проговори за одењето на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски на промоцијата на Данела Арсовска како лидер на Нова Алтернатива.
Според него, тоа било превисоко ниво на присуство.
„Немаме политичка одлука, јас не знам зошто секретарот бил таму, дали бил приватно не знам, бидејќи немаме политичка одлука таму, ако партијата добила покана во ред е да се појавите таму, но не мислам дека таа партија и тој субјект го заслужува тоа високо ниво на присуство на СДСМ“, вели Шилегов.
Тој додава дека имал реакција во рамки на партијата и му било одговорено дека немаат коалиција.
„Јас секогаш го кажувам своето мислење и мислам дека бидејќи не сме во политичка коалиција нивото беше превисоко, доколку некој бил таму приватно тоа е негово“, додава Шилегов.