Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меч за историја во Келн: Франција по продолженија до четврто финале на ЕП!
Спорт

Меч за историја во Келн: Франција по продолженија до четврто финале на ЕП!

26/01/2024

AA

Ракометарите на Франција четврти пат ќе играат во финалето на Европското првенство (ЕП), откако вечерва, во првото полуфинале во Келн, во меч со неколку спектакуларни пресврта и по продолженија ја совладаа Шведска (34-30).

Ова беше средба според сценарија од највозбудливите филмови на Алфред Хичкок, во која емоциите беа на ролеркостер во двата табора, со оглед на неколкуте ситуации во кои некој од тимовите можеше да дојде до триумф. „Галските петли“ одиграа совршено прво полувреме (17-11), но следуваа пеколни 30 минути на Швеѓаните, кои во последната минута влегоа со огромни 27-25. Сепак и тоа не се покажа доволно за седмо финале, бидејќи противникот прво намали, па потоа тие направија чекори. Последниот напад на Французите беше спречен, остана да се изведе само „слободен удар“ и кога скандинавските навивачи веќе почнаа да слават на трибините во Келн, Пранди упати вистинска бомба која го изненади дури и феноменалниот голман Паличка, кој беше херојот до тој момент.

Ова значеше две продолженија по пет минути, кои француските ракометари го почнаа со три гола во низа, предност која потоа ја задржаа до самиот крај. Швеѓаните не успеаја да се вратат по шокот на крајот од регуларниот дел и останаа без шанса за шестото европско злато. Иго Деска со осум голови беше најпрецизен кај Франција, додека Мем реализира шест, а Ремили пет погодоци. Клар со девет голови беше најефикасен кај Шведска. Натпреварот совршено го судат нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Вториот финалист ќе биде познат вечерва, по второто полуфинале помеѓу Германија и Данска (20.30 часот).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy