
Се стресе Кајсери во Турција
Земјотрес од 5.2 степени денеска ја стресе Турција.
Епицентарот бил на 14 километри западно од Кајсери. Послаби потреси со денови има на границата меѓу Турција и Сирија. Повеќе од 51.000 луѓе загинаа досега во двете држави во силните земјотреси од 6 февруари.
Холандскиот научник Френк Хогербетс изјави дека во следните денови се можни нови земјотреси во светот.
Медиумите јавија дека коњ издржал 21 ден под урнатините во Турција.