Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Новите иницијативи на Балканот, се нови можности и за посилна културна соработка со Црна Гора
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Новите иницијативи на Балканот, се нови можности и за посилна културна соработка со Црна Гора

01/03/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Maша Влаовиќ, на која се разговараше за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и за одличните релации во рамките на регионалната соработка.

Како што информираат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ се согласија дека досегашната интензивна и плодотворна работа резултираше со голем број проекти и иницијативи во сите дејности на културата.

– Задоволни сме од блискиот начин на кој соработуваат институциите, поединците и здруженијата од културата, особено во литературната и драмската дејност, како и на летните фестивали „Охридско лето“ и „Котор арт“. Уверена сум дека со денешното потпишување на новата Програма за соработка за периодот 2023 – 2026 година, ќе овозможиме уште побогата институционална соработка, реципрочно користење на капацитетите на институциите, заеднички проекти и иницијативи, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

На средбата стана збор и за развивање програми за размена на млади луѓе од Европа, за презентација на културните традиции на земјите од каде што доаѓаат.

Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска го подвлече и значењето на иницијативата „Отворен Балкан“, која нуди големи можности за унапредување на соработката во областа на културата, и изрази уверување дека Црна Гора наскоро и официјално ќе пристапи кон оваа иницијатива.

На средбата беше истакната и досегашната успешна соработка во рамките на Форумот на словенските култури, Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, УНЕСКО и во други меѓународни организации.

Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ изразија задоволство што токму во годината кога нашата земја одбележува 60 години од скопскиот земјотрес, вечер во Музејот на современата уметност ќе биде отворена изложба на дела од творештвото на еден од највлијателните сликари на територијата на поранешна Југославија во децениите по Втората светска војна, Петар Лубарда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами

23/09/2026
Македонија

ГРУБИ ДАВАШЕ ЗАБЕЛЕШКИ НА ДОКАЗИТЕ ШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИЗНЕСУВАШЕ ПРОТОВ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45752
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана да му се приближува на

23/09/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК Присуствува и македонската делегација предводена

23/09/2026

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска треба да

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ ПАТУВААТ Целта на контролите е

23/09/2026

Има бројни злоупотреби на боледувањата и целта на измените е тие да се спречат, има ситуации во кои луѓе се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy