
Рубио: Америка официјално суспендира 83 отсто од програмите на УСАИД
Марко Рубио, американски државен секретар денеска соопшти дека САД официјално затвораат 83 отсто од програмите на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).
„По шестнеделен преглед, официјално откажуваме 83 отсто од програмите на УСАИД. 5.200-те договори кои сега се откажуваат потрошиле десетици милијарди долари на начин што не им користел, а во некои случаи дури и им наштетил на основните национални интереси на САД“, рече Рубио на платформата Икс.
Според него, по консултација со Конгресот, преостанатите 18 отсто од програмата, што е приближно 1.000, ќе ги управува Стејт департментот „за поефикасна администрација“.
Тој се заблагодари на Одделот за владина ефикасност (DOGE), на чело со Илон Маск, и на другите вработени кои вложија многу напор за да ја постигнат оваа „задоцнета“ историска реформа.
На 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се суспендираат сите програми за странска помош на 90 дена додека е во тек ревизија за да се утврди дали тие ги исполнуваат целите на неговата политика, пренесува Танјуг.