
Прекин на сообраќајот во двата правци од Крива Паланка кон Деве Баир поради сообраќајка
Од 13.30 часот денеска има прекин на патен сообраќај А2 Крива Паланка кон Деве Баир во двата правци за секаков вид на моторни возила, поради случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и пешак.
АМСМ информира дека сообраќајот се пренасочува преку централно градско подрачје на Крива Паланка само за патнички моторни возила.