Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Поподготвени сме за пожари, ќе има забрана за движење во шуми без дозвола
Македонија

Мицкоски: Поподготвени сме за пожари, ќе има забрана за движење во шуми без дозвола

26/05/2025

AA

На надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето, премиерот Христијан Мицкоски најави дека државата оваа година е значително поподготвена да се справи со евентуални шумски пожари. Тој посочи на досегашната неусогласеност меѓу институциите – Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи – и најави нивно обединување во една институција, како дел од реформите што ги бара и НАТО.

„Од октомври започнува процесот на спојување. Мора да имаме една институција што има вертикална одговорност, што дојавува и управува со кризи,“ истакна Мицкоски, додавајќи дека новиот систем ќе ги вклучи и општините, професионалните пожарникари, но и доброволните друштва кои ќе продолжат да добиваат надоместок за своето ангажирање.

Премиерот најави и нова мерка – забрана за движење во шуми во летната сезона без соодветна дозвола, при што сите што ќе сакаат да планинарат, спортуваат или се движат низ шумите ќе мора да имаат посебна белешка.

Во однос на состојбата со „Национални шуми“, Мицкоски рече дека во минатото таму имало сериозни проблеми со мотивацијата на вработените, со исплатата на плати и недостиг од ресурси, но дека сега се работи на стабилизирање и подобрување на капацитетите.

„Оваа година не би сакал да има пожари, но сме многу поподготвени отколку во минатото. Точно ќе знаеме кој е во шумите и каде треба да има одговорност,“ рече Мицкоски.

Коментирајќи ја и градежната прашина како фактор за загадување, премиерот порача дека „дисциплината кај градежните компании не е на високо ниво“ и ги повика граѓаните активно да пријавуваат прекршувања до градежната инспекција.

Петтиот ден од надзорната расправа на собраниската Комисија за здравство заврши, а расправата ќе продолжи и во наредниот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
Македонија

750 КЛИЕНТИ НА АЛТА БАНКА ПОДИГНАА ДО 20.000 ДЕНАРИ Овозможени

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Нема неправилности според надзорот,

09/11/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ГИ МЕНУВА СТАВОВИТЕ СПОРЕД ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ Реакции од

09/11/2026
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46680
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ Од недела ќе застуди

09/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. По одделни котлини ќе има

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со 6 возила

09/11/2026

Голњм пожар избувна попладнево во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит-пазар во Скопје. Од

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД ДРУГИ МОТИВИ Инспекторатот за јазици

09/11/2026

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска ги отфрли обвинувањата од Демократската унија за интеграција (ДУИ), посочувајќи дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy