
Поради обилните снежни врнежи во Романија и Молдавија едно лице загина, патиштата се затворени
Поради обилни снежни врнежи и снежна бура во Романија и Молдавија едно лице загина, додека многу патишта се затворени, а голем број населени места останаа без струја, соопштија денеска локалните власти.
Маж загина денеска во Молдавија кога неговото возило излетало од патот и удрило во дрво, се наведува во соопштението на локалната полиција, додавајќи дека до пладневните часови биле пријавени шест сообраќајни несреќи.
Во соседна Романија, вонредни временски предупредувања се издадени во источните области Констанца, Тулчеа, Галати и Браила, каде се очекува ветерот да достигне брзина и до 100 километри на час, соопшти Националната метеоролошка управа.
Службите за итни случаи соопштија дека денеска се затворени магистралните и локалните патишта во сите четири области.
Најмалку 69 населени места останаа без струја во окрузите Констанц и Браила.