
ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање
Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање.
Чешката влада денеска ги одобри реформите на пензискиот систем, со кои се зголеми старосната граница за пензионирање и се намалува висината на пензиите за идните пензионери. Старосната граница се поместува за седум месеци, односно од 65 години на 65 години и седум месеци, објавија британските медиуми.
Пензиите за идните пензионери се намалени за околу осум отсто во однос на сегашниот износ.
„Промените ќе го спречат колапсот на пензискиот систем и ќе обезбедат достоинствени пензии за денешната млада генерација“, изјави чешкиот премиер Петр Фијала.
Се додава дека како и многу други развиени држави, Чешката Република, се соочува со притисок врз нејзиниот фискален систем поради стареењето на населението, зголемувањето на животниот век и ниската стапка на наталитет.
foto freepik.com/Vitor Bruno