
Откази и нови директори во М-НАВ
Владата препорача надзорниот одбор на македонска навигација да го разреши досегашното раководството. Ги предлага Илир Мемеди и Милан Кораќ за нови директори. Штрајкот на контролорите на летање ставен во мирување до конечното разрешување на директорите.
Владата ги предлага Илир Мемеди и Милан Кораќ за нови директори на М-НАВ во пакет со препораката за разрешување на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.
Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М – НАВ АД Скопје, да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје за извршен Директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ, стои во изјавата од Владата.
Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по минатонеделниот упад во оваа институција и напад на вработени.
Струковиот синдикат на контролори на летање најави дека од одлуката на Владата ќе зависи дали утре ќе стапат во штрајк со целосно затворање на воздушниот сообраќај, откако претходно натамошното работење го услови со оставки од директорите во М-НАВ или нивно разрешување.