
Објавена последната фотографија од пакистанскиот милијардер и неговиот син пред да влезат во подморницата Титан (ФОТО)
На социјалните мрежи денеска се појави последната фотографија од пакистанскиот милијардер и неговиот син пред да се качат на подморницата Титан, во која загинаа пет лица, пренесува Кликс.
Шахзада Давуд (58) и неговиот 19-годишен син Сулејман беа сликани како насмеани пред да се качат во подморницата на патувањето од 250.000 долари по човек, во кое загинаа нив и уште тројца.
Фотографијата доаѓа кога сопругата Кристин Давуд откри како парот ги поминал последните моменти пред Титан да имплодира, слушајќи ја нивната омилена музика во целосна темнина за да заштедат енергија додека ги набљудувале биолуминисцентните суштества во длабочините.
Давуд опишала како таа и нејзината ќерка Алина (17) биле на матичниот брод на подморницата и дека им мавтале на таткото и синот пред да заминат во авантурата, пишува Дејли мејл, пренесува Кликс.
Фотографијата можете да ја видите на овој твит:
Final pic of son and dad moments before they boarded doomed Titan sub https://t.co/jMoHWg5I76 pic.twitter.com/41YcUF3iNY
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 3, 2023