
Нови проблеми за Италија, денеска не тренираа уште тројца!
На денешниот тренинг не се појавиле Андреа Камбијасо, Брајан Кристанте и Џовани Ди Лоренцо, десниот бек на Наполи, кој секако нема да игра против Македонија поради суспензија.
На средба со новинарите, селекторот Лучано Спалети сподели дека за Кристанте и Камбијасо стои голем прашалник и допрва треба да дадат мислење од медицинскиот тим на репрезентацијата.
Тие двајца не се првотимци и не би требало да предизвикаат крупни промени, како на пример отстапување од вообичаената 4-3-3 формација на Спалети, но сигурни дека нивното отсуство би се почувствувало во опциите за ротација во текот на 90 минути.
Италија и Македонија се среќаваат на „Олимпико“ в петок од 20.45.