
Невремето доаѓа кон Скопје, внимавајте и не се засолнувајте под осамени дрвја!
Од Управа за хидрометеоролошки работи јавуваат дека невремето од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи. Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.